Насловна / Вести / ЧЕЗ најавува вложување во германски електроцентрали и рудници

ЧЕЗ најавува вложување во германски електроцентрали и рудници

termocentrala vo germanija vattenfall

Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“ ја разгледува можноста за вложување во германските термоелектрани и рудници, кои на продажба ги нуди шведската енергетска групација „Ватенфал“.

Според директорот на чешката фирма Даниел Бенеш, целта е да се задржи нејзината големина, со оглед на тоа што при падот на цените на електричната енергија, се намалуваат приходите, јави дописникот на МИА од Прага.

„Ватенфал“, која е во државна сопственост, лани објави дека сака да го продаде својот удел во термоелектраните и електроцентралите во Германија.

Termocentrala vo Germanija
„ЧЕЗ“ која веќе е на пазарот во Романија, Бугарија и Полска најави купување на дветретински удел и во словачките електрани, кој го продава италијанската компанија „Енел“.

Нето профитот на „ЧЕЗ“, која е најголема чешка енергетска групација, според последните податоци, за првите три квартали од минатата година, бележи пад за 38 проценти на 783 милиони евра.

Приходот на годишно ниво е намален за девет проценти на 5,8 милијарди евра и според експертите се очекуваат слични податоци и оваа година. 

Испрати коментар

Scroll To Top