Јужноафриканскиот дизајнер Louis Henry Buhrmann е познат по дизајнирање на гламурозни станови во Лондон, Париз, Дубаи…
Дизајнерот со овој стан во Париз повторно создал софистициран луксуз во комбинација со удобност и спокојство.
Сè, од мебел до теписи, од лустери до рачки на вратите, е направено по највисоките стандарди. Сместен во посакуваниот „Златен триаголник“ во Париз, станот се простира на 325 квадратни метри.
Спалните соби, рецепцијата и останатите простории се раскошна мешавина на традиционалната француска елеганција, технологија и современ стил.
„Најдраматичната“ карактеристика на станот е витражот со паунов пердув во ходникот, инспириран од Belle Epoque. Луис помина една година во потрага за прецизни делови од стакло кои му биле потребни за да ги реализира своите идеи.
Многу интересни детали се рачно насликани, свилени облоги на прозорците кои осветлувањето го шират по целиот стан.