Економската состојба во градежништвото во четвртото тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, сметаат раководителите на деловните субјекти од овој сектор.
Според Државниот завод за статистика, финансиската состојба на градежните компании е на исто ниво како во претпоследното тримесечје од 2014-та, а подобра во споредба со четвртото тримесечје од претходната година.
Во четвртото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се на еднакво ниво како и во претходното тримесечје, оценката за тековната состојба со порачки (договори) е понеповолна, очекувањата за вкупните порачки (договори) во наредните три месеци се дека ќе се зголемат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Во наредниот период се очекува да се намалат продажните цени.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат немањето побарувачка (21,8 отсто), неповолните временски услови (15,5), конкуренцијата во сопствениот сектор (12,2) и зголемените трошоци за материјали (11 проценти).