Вкупно 427 илјади незаконски згради се изградени во Албанија од 1982 година до денес, соопштија градежните власти во земјата.
Зградите се изградени без дозвола за градба. Најголем број незаконски изградени објекти има во Тирана. Владин претставник изјавил дека повеќе од 350.000 албански граѓани се очекува да ги легализираат своите домови.
Новата албанска Влада презеде мерки за спречување на незаконското градење. Власта соопшти дека ќе ја забрзаат процедурата за легализирање на дивоградбите.
Новите измени во кривичниот закон, кои стапија во сила од 1 февруари, предвидуваат казна затвор до пет години за прекршителите.