Насловна / Вести / Во регионот на Река ќе се градат четири мали централи

Во регионот на Река ќе се градат четири мали централи

Radika Makedonien

Водните ресурси со кои изобилува регионот на Река, општина Маврово Ростуше, го зголемија интересот на инвеститорите за изградба на мали хидроцентрали.

Според градоначалникот на оваа општина Мукрем Мехмеди, заинтересаноста наидува на поддршка од локалната власт, но и од компетентните инситуции од енергетскиот сектор.

– Годинава очекуваме да се изградат четири мали ХЕЦ, и тоа три во подрачјето на Долна Река и една во подрачјето на Мала Река. Многу набрзо ќе почне изградбата на две мали ХЕЦ по текот на Жировничка Река, едена на реката во Јанче и една во Тресонче, – изјави Мехмеди, додавајќи дека ако се имаат предвид водните ресурси тоа е во интерес на електроенергескиот систем, но и во итерес на општината.

debarca

Освен вработувања кои ќе се реализираат со овие зафати, според Мехмеди, 25 отсто од концесијата преминува на сметка на локалната власт, што подразбира раст на буџетот на општината.

– Ако се има предвид дека набрзо со измената на законот 50 отсто од концесијата ќе ѝ се доделува на општината каде се наоѓа природниот ресурс, тогаш е многу јасно дека интересот е многу голем. Освен што добиваме пополна општинска каса, со парите ќе се реализираат проекти за подобрување на условите на живот на граѓаните, – рече Мехмеди.

river_radika_mavrovo
Според него, набрзо ќе се знаат и имињата на инвеститорите. Тој најави дека има интерес за инвестиции и од страна на печалбарите од подрачјето на Река во повеќе области па дури и за изградба на мини централа.

Инаку, на Тресонечка Река, во близина на селото Тресонче, во подрачјето на Мала Река, веќе е изградена мала ХЕЦ, инвестиција вредна над два милиони евра. Инвеститор е фирмата „Хидро Енерџи Гроуп“, компанија со 100 отсто домашен капитал. Има инсталиран капацитет од  1,8 MWh со  годишно производство на електрична енергија од 11,7 GWh. Ваква мала ХЕЦ се гради и на Галичка Река.

Испрати коментар

Scroll To Top