Инспириран од обликот на кала, цвет кој може да се види во барите и езерата низ светот, столот Calla е одличен пример за совршена италијанска изработка на мебел.
Ова интригантно парче мебел изгледа мошне деликатно, со своите елегантни форми и полирани површини, но неговиот флуиден облик не ни покажува ниту една слабост во дизајнот. Всушност, столот Calla е совршен пример за брак меѓу формата и функцијата и фактот што од таквата комбинација може да се роди нешто прекрасно, моќно и безбедно.
Столот е дизајниран од страна на Simone Kapelanti, кој е дел од тимот на ZAD Design Studiо, а направен е од иновативен материјал наречен Adamatx. Столот е достапен во три бои: бела, кафеава и црна боја.