Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија – објект Мала Станица, вечер во 20 часот ќе ја отворат „Годишна изложба“ на ДЛУМ.
Изложбата се организира по 61. пат, а на неа ќе бидат претставени дела на 83 автори – членови на Друштвото.
Од таму соопштуваат дека Уметничкиот совет на ДЛУМ, по повод ревијалната „Годишна изложба“, на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура, а во рамки на ревијалната изложба годинава ќе се реализира и постхумна поставка во чест на Милош Коџоман.