Насловна / Вести / „Dolfi“ – ултразвучна машина за перење алишта

„Dolfi“ – ултразвучна машина за перење алишта

 

dolfi7-1024x1024
Перењето алишта, иако денес рутинска работа, може да биде вистински проблем ако сте на пат, или пак сакате да исперете само едно парче. Уредот што во продолжение Ви го презентираме претставува еден нов начин односно техника на перење. „Dolfi“ е мал, преносен ултразвучен уред кој „нежно ги пере алиштата“. Многумина ќе речат дека ваквиот пристап е згоден за мрзливите луѓе, но ова значи намалување на потрошувачката на вода и енергија.

dolfi-ultrasonic-clothes-15909

Системот работи едноставно – ултразвучните бранови минуваат низ ткаенината и со мали вибрации ја одвојуваат нечистотијата од ткаенината. Во случај на тврдокорни флеки се додава детергент. Името „Dolfi“, овој уред го добил по делфините, кои користат ултразвук. Најбитниот податок е дека „Dolfi“ е до 80 пати енергетски поефикасен од конвенционалните машини за перење алишта.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top