Компаниите „Volvo bus“ и „Siemens“, неодамна потпишаа договор за заедничка соработка која се однесува на воведување на електрични автобуси во градовите. Договорот помеѓу овие две компании подразбира градовите да добијат електрични автобуси од компанијата „Volvo bus“, додека „Siemens“ ќе инсталира станици со висок капацитет за полнење на електричните возила.
Инаку, овој проект веќе е реализиран во Хамбург. Компанијата „Volvo bus“ му испорачала на овој германски град четири електрични автобуси, а „Siemens“ има инсталирано три станици за полнење. Во план е овој проект во текот на 2015 година да биде реализиран и во Стокхолм и во Гетеборг.