Насловна / Вести / Дојран и Струга со туристички развојни зони

Дојран и Струга со туристички развојни зони

kalista

Изработени се физибилити студии за две туристички развојни зони. Калишта во близина на Струга и Дојран се локациите што ќе добијат развојни зони со кои се планира да се забрза развојот на туризмот, пишува „Лидер“.

Според информациите на „Лидер“, студиите се направени со цел да се привлечат инвеститори кои ќе инвестираат во зоните. Почетната цена за продажба на земјиштето е 61 денар/1 евро за метар квадратен.

Туристичката развојна зона во Калишта, Струга, ќе биде лоцирана во близина на црковниот комплекс и ќе има големина од 14 хектари.

Предвидено е на оваа зона да се изградат хотели, 90 апартмани, 30 вили, (околу 1.000 соби) плажа, спортски терени и други објекти.

Опциите за инвестирање се различни. Може да инвестира привaтен инвеститор, да се вложува преку приватно јавно партнерство, јавна инвестиција, концесија, модел на менаџирање.

Туристичката зона Дојран ќе биде со големина од 32 хектари, а ќе биде лоцирана на два километри од  центарот на Стар Дојран.

Предвидено е во оваа зона да има неколку комплекси, хотелски комплекс за околу 1.700 гости, ресторани, спортски терени, бунгалови, можност за изградба на отворен театар. Опциите за инвестирање се подеднакво исти како кај зоната во Струга.

kalista (2)

Според информациите, следен чекор е проектите со Студиите да им се достават на Агенцијата за странски инвестиции, до ДТИРЗ, до неколку министри во Владата на РМ, економските промотори со цел активно да ги промовираат во привлекување на странски инвеститори.

Студиите ќе бидат објавени на веб страницата на Министерството за транспорт и врски со цел да бидат достапни за анализирање.

Очекувањата се дека воспоставувањето на туристичките развојни зони ќе создаде предуслови за неколку нови регионални и меѓународни хотелски брендови да влезат на македонскиот пазар.

Испрати коментар

Scroll To Top