Сликата „Кога ќе се омажиш“, на францускиот сликар Пол Гоген, продадена е за 300 милиони долари, со што стана најскапо продадено уметничко дело, јави „Би-Би-Си“.
Сликата на две девојки од Тахити е насликана во 1892 година и беше сопственост на швајцарски колекционер, а со децении беше на позајмица во Кунстмузеј во Базел.
Нема да биде откриен идентитетот на купувачот иако неофицијално „Њујорк тајмс“ информира дека ја купиле од Музејот во Катар.