Насловна / Вести / Зелен хотел во прекрасна природа

Зелен хотел во прекрасна природа

Hotel vo suma svedska

Шведската компанија Kjellgren Kaminsky Architecture неодамна го заврши хотелот  Öijared, објект кој скоро во целост е обложен со стебла од смрека, со цел да се вклопи во рурално-шумското опкружување.

Hotel vo suma svedska1
Хотелот е дизајниран со цел максимално да се почитува природното опкружување, а целата градба е подигната од земја со цел дополнително да се намали влијанието врз околината. Триесет и четирите соби се направени по системот на монтажна градба и како готови се поставени на локацијата.

hotel vo suma svedska3
Лентите необработена смрека, кои го обложуваат хотелот, даваат посебна текстура и изглед на зградата, а самиот објект има темноцрвена боја со што се постигнува прекрасен контраст.

hotel vo suma vo svedska4

Современиот ентериер користи природни материјали и големи стаклени отвори. На тој начин прекрасно се доживува шумата и се пружаат единствени визуелни ефекти. Накратко, хотел кој ја слави природата.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top