Насловна / Екологија / Ќе оживее тргувањето со дозволите за емисии во ЕУ

Ќе оживее тргувањето со дозволите за емисии во ЕУ

environmentЕвропските дипломати се договорија да започнат разговори за создавање на правна рамка која ќе го оживее тргувањето со дозволите за емисии (квоти), што ќе означи голем пресврт во енергетиката. Имено, на пазарот во моментот е преголем бројот на дозволи чија цена е исклучително ниска. Оваа состојба во комбинација со големиот удел на обновливи извори доведе до масовна употреба на јагленот, а производството на енергија од гасот го направи неисплатливо. Решението се гледа во повлекување на одреден број емисиски  дозволи од пазарот, а се проценува дека за задвижување на пазарот треба да се повлечат околу 900.000 дозволи. Тоа е основниот предуслов за промена на енергетската слика на Европа. Се очекува уредбата да се најде пред Европскиот Совет веќе наредната седмица.

Извор: Euractiv

Испрати коментар

Scroll To Top