Најчести проблеми кои се појавуваат кога се работи за површини обложени со плочки (бањи, ходници, холови, балкони, тераси и сл.), се одлепување на плочките, појава на мувла, оштетување на фугата, непријатна миризба, протекување.
Овие проблеми најчесто се појавуваат при несоодветен избор на лепилата со кои се лепат плочките, кај изработка на поголеми површини каде има голема фреквенција на движење, кај висококатници каде се очекуваат деформации на поплочените површини. За да ги избегнете овие несакани ситуации, многу е значајно при градењето на објектот да изберете квалитетни материјали.
Правилниот избор на соодветните квалитетни материјали при лепење на плочки ќе ви заштеди време а воедно и пари. Во оваа насока, како најдобро решение со извонреден квалитет (класифициран според европски нормативи) и со прифатлива цена се лепилата за плочки од програмата на АДИНГ.
Се работи за цементни лепила со адитиви кои обезбедуваат подобри перформанси. Флексибилните лепила на АДИНГ во својот состав содржат полимери и со тоа значително ја олеснуваат работата, со оглед на тоа што го продолжуваат отвореното време за работа, односно лепилото не се суши брзо, со што добивате повеќе време за приспособување на позицијата на плочките, а истовремено се зголемува и отпорноста на одлепување при механички удар. Бидејќи во својот состав содржат и адитиви за водонепропустливост, овие лепила го спречуваат продорот на влага во подлогата врз која се залепени и со тоа спречуваат појава на габични спори (мувла) и непријатна миризба од заробена влага.
Препораки за изборот на лепило за плочки од програмата на АДИНГ
Доколку се одлучите да лепите плочки во простории кои не се изложени на надворешни влијанија (кујни, ѕидови, ходници и сл.) препорачуваме да го користите лепилото Хидрокол, кое претставува еднокомпонентно флексибилно лепило на цементна основа.
Ако имате потреба да залепите плочки на површини кои се постојано изложени на влага (базени, бањи, тераси, фонтани и сл.), ви препорачуваме да користите Хидрокол С, кое претставува еднокомпонентно флексибилно водонепропустливо лепило на цементна основа.
Кога сакате да залепите нови плочки врз постоечките, односно систем плочка врз плочка, најдобро решение за оваа намена е висококвалитетното еднокомпонентно водонепропустливо градежно лепило Хидрокол СП.
За системот да биде комплетен, препорачуваме фугите помеѓу плочките да се исполнат со водонепропустлива фуг маса – Фугофил, со што сте 100% сигурни дека влагата што се јавува при експлоатација на површините врз кои се залепени плочките нема да предизвика пропуштање на вода низ фугите.
Подготвил:
дипл.град.инж. Симоновски Иванчо
Инженер за примена и пласман во АДИНГ