Канадските научници на прагот на колосално откритие
Научникот за климатски промени Дејвид Кит од Универзитетот на Калгари и неговиот тим работат на проект за ефективно зафаќање на јаглеродниотдиоксид директно од воздухот. Во своето истражување научниците покажале дека е можно да се намали количеството на јаглероден диоксид употребувајќи едноставна машина која го зафаќа гасот од воздухот на кое било место на планетата. СО2 е главниот стакленички гас кој придонесува за глобалното затоплување на Земјата.
Истражувањето е значајно, пренесува Мрежата на еколошки вести (ЕНН), зашто технологијата за зафаќање на воздухот е единствениот начин да се намали СО2 од емисиите од возилата и од авионите. Овие таканаречени дифузни извори испуштаат повеќе од половината од стакленичките гасови кои се емитираат од Земјата.
– Проблемите со климата се преголеми за да се решат со алатките што сега ги поседуваме – коментира Кит, директор на Институтот за одржлива енергија, животна средина и економија. Кит и неговиот тим покажале дека можат да зафаќаат СО2 директно од воздухот со помалку од 100 киловат-часови електрична енергија за тон гас.
Нивната пробна кула успеала да зароби еквивалент на околу 20 тони годишно СО2 по квадратен метар од
употребениот рапав материјал. Тоа се просечните емисии што ги произведува еден човек секоја година во северноамериканската економија.
Е.К.
Објавено во број 94.