Холандските дизајнери ги обелоденија плановите за првиот хотел во светот, кој поради својата поврзаност со кристалот аметист ќе има идентични исцелителни и смирувачки својства.
Не е невообичаено да се види пурпурен кристал аметист на привезок околу вратот или како дел од прстенот, но холандското архитектонско студио NL Architects предлага нешто сосема поинакво – синџир на хотели во кои овој скапоцен камен ќе има почесно место. Кристализираниот Amethyst Hotel би се сместил на вештачки остров Ocean Flower во Кина, а Кина е избрана токму поради аметист кој во културата на фенг шуи има посебно место. Всушност се верува дека аметистот има посебни смирувачки и исцелителни својства, а зградата на хотелот е замислена како пресек на природна геолошка формација на овој виолетов кристал. Собите би се сместиле околу средината што ќе им даде доволно дневна светлина која во пурпурни нијанси би се рефлектирала од површината на каменот, истовремено овозможувајќи ги лековитите својства.