Некогашната „Турска бања“ во Виница која претставуваше нефункционален објект во распаѓање, прерасна во галерија во која ќе бидат промовирани археолошки, културни и етнолошки обележја на регионот.
Галеријата е отворена со средства од Министерството за локална самоуправа и Општина Виница во вредност од 3,5 милиони денари.
За општина Виница, истакна градоначалникот Емил Дончев, ова е уште еден објект во кој ќе може да се презентира богатото културно наследство на овој крај и пошироко.
„Во објектот кој ќе претставува мултифункционален центар на приземјето ќе биде сместена галерија и пулт за видео надзор на Виничкото кале ,а на катот се наоѓа сала за состаноци,семинари и работилници, како и две соби за сместување на гости“, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.
Инаку, ова е првата фаза од реализацијата на овој проект. Во втората фаза ќе се пристапи кон партерно уредување на објектот, за чие уредување финансиските средства ќе ги обезбеди општина Виница.
Насловна / Вести / Отворена галерија за промоција на археолошки, културни и етнолошки обележја во Виница