ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ
Привршува изградбата на кафезот за тигрите широк 3.000 метри, а во тек е изградбата на местата за мечките, мајмуните, шумските животни, волците и за други. Се прави и вештачка река, која ќе тече низ повеќе живеалиш та, ќе раздвојува некои животни и ќе се користи за напојување. Ова се само дел од градежните активности што се одвиваат во Зоолошката градина, а кои траат веќе две години. Кога сето ќе се заврши таа треба да зали- чи на современите градини и да ги исполни високите стандарди предвидени од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА. Живеалиштата што се градат треба да потсетуваат на природната средина од каде што потекнуваат животните.
Анастас Петров, директор на ЗОО градината, најави дека како што ќе завршува изградбата на секое живеалиште, така тоа ќе се населува. Тој истакна дека Зоолошката има 400 животни од 70 вида, кои засега се чуваат во помали кафези.
“Живеалиштето за тигрите е подготвено да го прими тигарот што треба да
стигне од Москва. Се гради европскиот дел, во кој ќе се сместат рисот,
волци и мечки, како и посебниот дел за мајмуни. Во тек е изградбата и
на просторите за лавови и жирафи, а од јануари ќе се прави африканската
степа и просториите за антилопи, нилски коњи, фоки, корморани,
фламинга, пеликани и за други животни. Очекуваме да добиеме и голем
црвен кенгур, ему, црн лебед и типични австралиски птици“, објаснува
Петров. Тој додаде дека на влезот на градината се прави езерце со мост
за водните животни, а за живеалиштето на слонот се уште нема проект.
Зоолошката градина се ревитализира со пари од Градот, од Владата,
како и со донации од разни поединци, фирми и институции.
Градоначалникот Трифун Костовски вели дека половина од проектот е веќе
реализиран, а целосната обнова ќе заврши за две-три години.
“Целта на овој проект е да заживее ЗОО градината и да се зголеми
посетеноста. Досега во него се вложени околу 2,5 милиони евра, а за
негово комплетно завршување потребни се уште 1,5 милион“, вели
Костовски.
К.С.
Објавено во број 94.