Германската влада одлучи да формира фонд во кој производителите на електрична енергија од нуклеарки треба да уплатат 17 милијарди евра со цел обезбедување средства за долгорочно третирање на затворените нуклеарни централи. Главната причина за формирањето на овој фонд е одлуката за откажување од нуклеарната енергија до 2022 година.
Интерниот документ од Министерството за стопанство и заштита на животната средина, наведува дека четирите главни производители на електрична енергија од нуклеарни централи во фондот ќе мора да уплатат 17 милијарди евра на рати, а дополнителни 19 милијарди евра да обезбедат преку снабдувањето со електрична енергија.
E.ON, RWE, EnBW и шведскиот Vattenfall така ќе мораат да издвојат вкупно 36 милијарди евра за затворање на нуклеарките и згрижување на отпадот, пренесува Croenergo.