Основното училиште е отворено минатата година во западното предградие на Париз.
Покриено со голем зелен покрив, со намера да промовира знаење и одржлив развој преку архитектурата но и наставата што се одвива во училиштето.
Проектот е на Charter-Dalix Arhitects, победници на конкурсот од 2011 год.
Училиштето има 18 училници и спортски објект отворен за локалните жители. Високо е 12 метри, а образовните простории се сместени во приземјето и на првиот кат. Секоја група одделенија има свое игралиште и парче земјишен простор уреден со соодветна урбана опрема и разновидни дрвца.
Ѕид од монтажни бетонски блокови со различни длабочини ја формираат надворешната граница на парцелата, притоа формирајќи отвори и пукнатини кои можат да примат различна вегетација и помали птици. Мошне идилично училиште среде градската џунгла.