Насловна / Арт и дизајн / Врвни современи уметници во борба против СИДА

Врвни современи уметници во борба против СИДА

osum vrni umetnici vo borba protiv sida_8
Марина Абрамовиќ, “The Spirit In Any Condition Does Not Burn”

Осум водечки современи уметници донирале свои дела аукција на Sotheby’s во организација на хуманитарната фондација на Елтон Џон за борба против СИДА. Така, свои уметнички работи на аукцијата покрај Марина Абрамовиќ, ќе изложат и William Eggleston, Inka Essenhigh, Theaster Gates, Wade Guyton, Louise Lawler, Raymond Pettibon и Ai Weiwei. osum vrni umetnici vo borba protiv sida_1
William Eggleston, „Без наслов“

Аукцијата ќе се одржи на 14 ноември. Меѓу изложените дела, најескпонирано ќе биде она на William Eggleston од почетокот на 70-тите години од минатиот век, кое се проценува околу 100-150 илјади долари токму заради неговата актуелност. На почетокот на 2013 година, овој значаен фотограф и уметник имаше своја самостојна изложба во музејот Metropolitan. osum vrni umetnici vo borba protiv sida_7
Ai Weiwei, “The Bubble of Ten”

Ai Weiwei ќе се претстави со делото Bubble of Ten (2008) кое е проценето на 350-450 илјади долари, а Марина Абрамовиќ со црно-бела фотографија од 2011 година, за која се очекува цена од 40 до 60 илјади долари. „Секогаш се инспирираме со важната работа на Елтон Џон и неговата фондација во борбата против СИДА, и затоа сме среќни што ќе можеме од оваа аукција да донираме токму во корист на овој фонд. Меѓу делата кои ќе ги понудиме се и дела на најинтересните автори на денешнината, што сигурно ќе привлече нови, но и веќе познати колекционери“, изјави главниот аукционер и директор на оделот за современа уметност во Sotheby’s, Тобиас Мејер.

osum vrni umetnici vo borba protiv sida_5Wade Guyton, „Без наслов(420)“
 
osum vrni umetnici vo borba protiv sida_3
Inka Essenhigh, „Снегулка“

osum vrni umetnici vo borba protiv sida_4
Louise Lawler, “Splash”

osum vrni umetnici vo borba protiv sida_2
Raymond Pettibon, „Без наслов“

Испрати коментар

Scroll To Top