Ви го презентираме Sidecar, предмет кој е резултат на плодната соработка на Moore & Gilers и светски познатиот шанкер Jim Meehan. Овој мобилен бар е идеална комбинација на рафиниран дизајн, одлична изведба и неверојатна естетика комбинирана со функционалност. Рачно изработен со неверојатно прецизни линии, од црно костеново дрво и кожа, засилен со алуминиумска рамка, овој бар изгледа навистина впечатливо. Покрај тоа, тој има и горен дел кој е дизајниран така што секое случајно истурање на пијалак не може да му наштети. Ова луксузно парче мебел е дизајнирано да трае и да биде убаво со години.
Горниот дел е врамен со две полици кои се поставени со кожа, за заштита на работната површина од гребнатини и оштетувања кои можат да резултираат од долготрајната употреба и редење шишиња. Овие полици се ергономски дизајнирани и овозможуваат пијалаците да се служат со леснотија. Исто така, под горната плоча се вградени мобилни полици и фиоки кои овозможуваат софистицираните пијалаци да се служат со стил, а потребните чаши и други алатки можат да се сместат на најдостапен и најсигурен начин.