Насловна / Вести / Втора туристичка развојна зона во Љубаништа?

Втора туристичка развојна зона во Љубаништа?

љубаниште

Околу 1,7 милиони метри квадратни земјиште ќе бидат пренаменти од земјоделско во грдежно земјиште за изработка на урбанистичка планска документација за изградба на туристичка развојна зона во Љубаништа во Охрид.
Одлуката е донесена на седница на Влада на РМ одржана на 29-ти декември, а објавена е во Службен весник на 31 декември и опфаќа имоти на локалното население, дел од викенд населбата изградена покрај Охридското Езеро, како и земјиште на Дебарско – кичевската епархија.
Претходно државата изврши експропријација на земјиште во атарот на Љубаништа, во најголем дел имот на црквата, за изградба на Туристичката развојна зона 1. Според владата овој проект ќе придонесе за развој на туризмот и ќе отвори нови вработувања од што корист ќе имаат и локалната заедница и државата, објави Ohrid News.
Според најавите, на брегот на Охридското Езеро во Љубаништа ќе се градат три туристички развојни зони. Во функција на овој амбициозен проект најавена е изградба на пропратна инфраструктура, како што е експресниот пат Охрид – Св. Наум, кој според најавите треба да минува низ Националниот парк Галичица.
За таа цел, минатата година отпочна постапка за промена на опфатот на националниот парк, за што беше изработена и студија за влијанието на најавените инфраструктурни зафати врз природата која изобилува со ендемски видови флора и фауна.

Испрати коментар

Scroll To Top