Инфраструктурни вложувања, паркови и игралишта ќе гради локалната власт од Аеродром во 2015 година, најави градоначалникот Ивица Kоневски во својот отчет за направеното во минатата година.
Проект кој се води како еден од покапиталните за 2015 година е новиот парк спроти „Мајчиниот дом“, кој ќе се подигне на површина од 2.319 квадратни метри.
– Ќе содржи пешачки патеки, водни површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште. Постојните дрвја на таа локација ќе се задржат и ќе се збогати паркот со ново зеленило од нискостеблести растенија и цвеќе – рече Kоневски.
Во населбата 13 Ноември ќе се гради и систем за автоматско наводнување на зеленилото.
Други поважни проекти на кои ќе се фокусираат општинарите годинава се изградба на инфраструктура во неколку населби и online casino улици, како на „Анастас Митрев“ во Мичурин и во населбата Стар Аеродром.
Ќе се реализира и пристапен пат кон локалитетот Индустриска зона. Ќе се обновуваат улици во Горно Лисиче и во Долно Лисиче, меѓу другите и „Тодор Чангов“, и ќе се гради атмосферска канализација, а фекалната ќе се довршува. Покрај булеварот АСНОМ ќе се доизгради сервисната улица. Во населбата Јане Сандански ќе се поставува осветление на паркиралиштата, а во цел Аеродром ќе се градат нови пешачки патеки и тротоари.