Годината што заминува беше една од најдобрите за аукциските куќи. На пазарот на уметнички дела се „завртеа“ големи пари, посебно бидејќи во време на криза, уметничките дела важат за сигурна инвестиција.
На прво место е „Кочија“ на Алберт Џакомети, која е продадена на аукција во „Сотби“ за 102,9 милиони долари. Потоа следи „Црн оган 1“ на Бернат Њуман, кој е продаден за 84,2 милиони долари, две дела на Енди Ворхол, „Тројниот Елвис“ (81,9) и „Четири Мерленки“ (69,9 милиони долари).
На четврто место е делото на Френсис Бејкон, „Три студии за портретот на Џон Едвард“, кое беше продадено за 80,8 милиони долари. Неговиот триптих „Три студии за портрет на Лусијен Фројд“ е на врвот на листата на најскапи слики на сите времиња и е продаден за 142,4 милиони долари во 2013 година.
На петото место е делото на Амадео Модиљани „Тете“, кое беше продадено за 70,7 милиони долари.