Насловна / Вести / 306.000 барања се поднесени за откуп на дворно место

306.000 барања се поднесени за откуп на дворно место

dvorno mesto

Вкупно 306.000 барања се поднесени до крајниот рок за откуп на дворно место. Од нив 234.000 се поднесени откако актуелната Влада донесе одлука откупот на дворното место да се врши по едно евро за метар квадратен.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отворената владина седница, оценувајќи го проектот како успешен.

– Ова е еден историски процес и еден од најкрупните проекти со кој 306.000 семејства што поднеле барање и оди во добра насока. Ова беше еден од проектите за  кој најмногу пати го продолжувавме рокот. Дававме нови рокови и сега на 15 декември истече последниот рок. Вкупно 306.000 барања за приватизација се поднесени, од кои 234.000 по нашата одлука како Влада од пред неколку години да се откупува по едно евро за метар квадратен. Значи, речиси 80 отсто од сите барања во овие 15 години, се поднесени во последните три години кога ја намаливме цената и со пролонгирањето на роковите, рече Ставрески.

Тој додаде дека 176.000 барања, од вкупно 306.000, се решени, односно 176.000 граѓани извршиле веќе приватизација на дворното место по едно евро. Во процедура се 130.000 барања и како што посочи вицепремиерот ќе настојуваат во Управата во наредните две години да се заокружат овие барања, односно да се заврши постапката.

Испрати коментар

Scroll To Top