Првиот интегрален ZigZag хотел кој беше отворен во Загреб, од неодамна почна со работа и во Белград. Лоциран е во центарот на градот и има шест соби и дополнителни содржини како теретана, кафе-бар и сауна.
Хотелот ZigZag во Загреб работи од 2009 година, со еден апартман, а денес има капацитет за 70 гости. Од страна на Trip Advisor беше прогласен за најдобар хотел во Загреб во 2014 година, а од средината на годинава стана првиот интегрален хотел во Хрватска. Тој претставува нов концепт на категорија на хотелско сместување воведен од хрватското министерство за туризам, со цел да се унапреди системот на приватно сместување. Интегралниот хотел може да се состои од три или повеќе објекти во една населба претходно категоризирани, кои мора да поседуваат и одредени заеднички простории односно содржини.