Првите брзи полначи за електрични возила, на автопатите во Словенија ќе се појават од мај 2015-та. Вкупно се предвидени 26 вакви пунктови. Словенија има многу поволна географска положба и како таква е идеална за спроведување на овој пилот-проект за воведување на брзи полначи за електрични возила. На овој начин регионот ќе се придвижи кон веќе воспставените стандарди во Европа во оваа област. За споредба, големите европски метрополи веќе имаат сериозна инфраструктура за опслужување на електрични возила.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Полначи за електрични автомобили на словенечките автопати