Насловна / Архитектура / Отворање на Конгресен центар во Монс на архитект Даниел Либескинд

Отворање на Конгресен центар во Монс на архитект Даниел Либескинд

daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-01

Конгресниот центар во Монс, Белгија, проект на архитектот Даниел Либескинд, треба да биде завршен за инаугурацијата на градот како Европски главен град на културата. Сместен блиску до француската граница, објектот беше прогласен за архитектонски репер на регионот, спојувајќи ги историскиот дел со новиот дел од градот.

daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-02

На врвот од објектот се наоѓа челична платформа, која нуди прекрасни погледи кон околината, во чија близина се кулата од 17-ти век и железничката станица на Сантијаго Калатрава, која во моментов е во фаза на изградба. Обложувањето на структурата ја открива внатрешната шема на објектот, со пониски ѕидови и дрвени ребра.

daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-02 daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-03

Како контраст се појавува горниот дел на дизајнот направен од вертикални ленти со елоксирани алуминиумски панели кои ги следат кривините на ѕидот.

daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-04

Внатрешно, големите бетонски ѕидови овозможуваат голема флексибилност на просторот. Долж трите аудиториуми, комплексот се спојува со големиот влезен хол, кој е повеќенаменски простор и спојува разни конференциски сали, канцеларии, ресторани, подземен паркинг и зелен покрив. Долгиот јавен двор ја опкружува зградата, а завршува со полиран, земјено обоен бетон.

daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-05

Објектот ќе биде отворен за јавноста во јануари 2015 година.

daniel-libeskind-mons-congress-center-belgium-06

Испрати коментар

Scroll To Top