Денес, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, во хотелот Stone Bridge во Скопје прослави седум години од своето работење.
На свечената прослава, претседателот на Комората м-р Блашко Димитров, додели четири награди на заслужни инженери од најголемите инженерски одделенија – градежништво, архитектура, електротехника и машинство.
Добитник на наградата, именувана по професор Александар-Цане Ангелов, од областа градежништво е д-р Грозде Алексовски; добитник на наградата, именувана по професор Борис Чипан, од областа архитектура е д-р Митко Хаџи-Пуља; добитник на наградата, именувана по професор Илија Черепналковски, од областа машинство е Илија Тикваровски и добитник на наградата, именувана по професор Станимир Јовановски, од областа електротехника е Душко Јовчев.
Воедно, Комората додели и три плакети на инженери за нивниот придонес во развојот на инженерската струка во Република Македонија. Плакетите се доделени на д-р Петар Муличкоски, д-р Африм Вокши и Христинка Матоска.