Насловна / Архитектура / Италијанска куќа стара 700 години реновирана со декоративна филигранска фасада

Италијанска куќа стара 700 години реновирана со декоративна филигранска фасада

Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-1

Куќите Масерија(итал: Masseriе) се градени заради заштита на станарите, било  големопоседникот со неговото семејство или работниците.

Casa-Puglia-4
Архитектурата на овие куќи е под влијание на арапската, грчката и норманската архитектура, а екстериерот има утврден карактер, додека ентериерите имале врата која води во централниот двор. Ѕидовите се дебели, понекогаш и до 80 см, и служат како утврдување или термичка заштита од топлината.

Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-2

Оваа Масерија, наречена Casa Puglia, е изградена од песочник со големи лачни порти, кои се зачувани при реновирањето на куќата во модерна семејна резиденција.

Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-7

Куќата е сместена на врв на рид и ориентирана кон морето. Куќата поседува мала кујна, дневна соба, три спални и две бањи. Од источната страна, куќата е опкружена со класични медитерански градини.

casa_puglia_17 casa_puglia_9

За да ги искористат преубавите лачни порти, архитектите од бирото Peter Pichler направиле 36 рачно изработени паравани за надворешните прозорци и врати. Овие алуминиумски паравани се сечени со вода под притисок, за да се добијат прекрасни форми кои ќе филтрираат огромна количина на светлина, а покрај тоа нудат и заштита од надвор.

Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-9

Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-6 Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-5

Формите на филигранска фасада е интерпретација на класичен арапски „линеарен“ шаблон, и тој постојано се манува од многу деликатно и отворено до потполно затворено кон врвот. Параваните овозможуваат игра на светлината во внатрешноста преку ден, а навечер го осветлуваат објектот како фенер.

Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-11 Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-10 Casa-Puglia-by-Peter-Pichler-12

Испрати коментар

Scroll To Top