Насловна / Вести / Нова инвестиција во економската зона Марино Кадино

Нова инвестиција во економската зона Марино Кадино

marino kadino

Компанијата за санитетски материјали за медицински цели „Тосама Трејд“ постави камен темелник за изградба на деловен магацински објект на површина од 1.000 метри квадратни во локалната економска зона Марино Кадино во Општина Илинден.
Вредноста на инвестицијата, според проценката на „Тосама Трејд“, ќе изнесува над 500.000 евра, а објектот треба да биде готов напролет.
„Тосама трејд“ досега вршеше само дистрибуција на производите на словенечкиот партнер во Македонија „Тосама“, меѓутоа со своето проширување во новите простории во Општина Илинден бизнис проекцијата опфаќа отпочнување со производство, односно со доработка на производите, стерилизација и пакување, со лиценца на брендот што го претставуваат.

Испрати коментар

Scroll To Top