Денес во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар во 19 часот ќе биде отворена изложба на македонскиот уметник Ибрахим Беди. Така, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, продолжуваат со започнатиот проект „Кич, да!?/сте или не/“. Седма година по ред, проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на оваа изложба. Оваа изложба беше поставена во месец август, во Македонскиот културен центар во Њуjорк.
Беди Ибрахим е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на професор Петар Хаџи Бошков во 1985 год. Во 1999 година завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема под наслов „Култура и природа“ кај професорите Стефан Маневски и Васил Василев. Од 1985 до 1989 casino година бил член на групата „Зеро“. Од 1986 година е член на Друштвото на ликовни уметници. Во 1991 година како стипендист престојувал на ФЛУ при Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 година под менторство на професор Томур Атагок вршел истражувања во Кападокија. Од 1990 до 2002 година работел во Театарот на народностите како сценограф, сликар и вајар изведувач. Во периодот 2000 – 2002 година воедно ја извршувал и функцијата директор на Турската драма. Од 2002 година е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Вајрскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање.