Русија и Унгарија склучија договор за изградба на два нови нуклеарни реактора во унгарската нуклеарна централа „Пакш“, се пренесува во извештај за медиумите од „Росатом“.
Ќе бидат изградени два нови руски реактора ВВЕР-1200. Реакторите ќе станат сопственост на унгарската држава, а вкупната инвестиција во проектот изнесува 12,5 милијарди евра.
Во рамките на договорот се наоѓаат три документа. Еден од нив ги регулира условите за изградбата, испораката на опремата за новите два реактора, вториот ги регулира условите за сервис на истите, а третиот – услови за обезбедување на нуклеарно гориво.
Претходно финскиот парламент даде согласност за изградба на нуклеарната централа „Ханхикиви-1“ во Финска. Русија ќе инвестира во проектот околу пет милијарди евра, со што руската корпорација „Росатом“ ќе има 34% сопственост во финската нуклеарна централа.
„Пакш“ е единствена нуклеарна централа во Унгарија со моќност од два гигавати, и истата задоволува 42% од потребите од електрична енергија во земјата.
Насловна / Вести / Москва и Будимпешта договорија завршување на изградбата на нуклеарната централа „Пакш“