„Поради технички грешки во нуклеарната централа Запорожје дошло до прекин во производството на електрична енергија, но нема сериозна опасност бидејќи нема никакви проблеми со реакторите“, изјави министерот за енергетика на украинската влада Демчишин, додавајќи дека на 5-ти декември нуклеарката ќе продолжи со работа. Инцидентот се случил во минатиот петок, односно на 28-ми ноември. Агенцијата Interfaks објави дека проблемот се случил во реактотот во Блок 3, со моќност од 1.000 MW. Меѓународната агенција за енергетика засега нема коментар на овој извештај.
Вознемиреноста за нуклеарната безбедност во Украина е навистина голема, бидејќи земјата и денес се бори со последиците од нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.