На 6 декември (сабота) 2014 година, со почеток во 11 часот, во Зоолошката градина Битола ќе бидат промовирани реконструираните живеалишта за животните: мечка, рис, лав, тигар, лисица, ракун, мајмуни, фарма за домашни животни, како и двата комплементарни објекти – влезот и билетарата во Зоолошката градина Битола.
Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со општина Битола и Зоолошката Градина во Битола, како и со општината Лерин и Регионалната развојна Агенција од Лерин, Република Грција.
Инаку, реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина Битола се одвивала во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин – ЗОО иноватива“. Финансиски проектот е поддржан од страна на делегацијата на Европска Унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.