Насловна / Архитектура / Архитектура во исчезнување (во рамки на 55. Октомвриски салон во Белград)

Архитектура во исчезнување (во рамки на 55. Октомвриски салон во Белград)

Predavanje

Како е возможно да се зачува архитектурата што настанала во претходната историска епоха, во нови политички околности? Дали е возможно да се одвои архитектонската вредност од идеологијата на времето во коешто настанува? Архитектонскиот семинар „Архитектура која исчезнува“, во рамките на 55. Октомврски салон во Белград, обедини архитектонски истражувачи, урбанисти и архитекти кои преку стручни разгледи на градот, работилници и предавања ги споделија своите теоретски ставови и искуства од државите на бивша Југославија, Обединетото Кралство, Бразил, Германија, Австрија и Калифорнија.

Основниот фокус на истражување се однесуваше на модерната архитектура и нејзината „креативна ре-апропријација“, прашањата за неформална урбанизација во рамките на глобалниот пазар, современите уметнички текови, антифашистичките споменици изработени во социјализмот и преиспитување на темата идеологија и естетика.

1
Сандра Ѓукиќ (Лондон), која истовремено учествуваше и како уметник на изложбата во рамките на Октомврискиот салон со сопствено видео, изјави дека искуството на семинарот, како локален граѓанин на Белград со академска заднина во архитектурата, ѝ дало можност да учи преку историско и социјално водство, кои се всушност и условите што го моделирале Белград онаков каков што е денес. Таа дополни и дека семинарот на Октомврискиот салон претставува возбудлива креативна платформа за актуелни теми, кој преку сеопфатна организација, разгледи на архитектура со водич, работилници и предавања овозможи мини увид во историскиот (дис)континуитет и создавањето на (фиксирани) идентитети. Ѓукиќ учествуваше на работилницата што ги промовираше регресивните трендови на архитектурата во светски рамки, не само во осиромашените туку и териториите во развој, користејќи го Музејот на современа уметност во Белград, кој последните 10 години е во реконструкција, како своевиден знак за надеж.

Oktobarski salon izlozba
Во програмата беше одржано и предавање/работилница од страна на Роџер Бундшух (Париз), основачот на Бундшух архитекти во Берлин, на тема „Скопје е насекаде“. Врз основа на детална анализа која вклучуваше примери од целиот Балкан, истовремено со упадливи градски објекти во поголемите градови на Западна Европа, дискусијата создаде детален претрес и критички осврт на моменталната судбина на модернизмот, брутализмот и социјалистичката архитектура. Тој изјави дека цела Европа се соочува со феноменот на исчезнување на архитектонски стилови и урбани композиции. Дури и пошироко признаените примероци на модернизмот се рушат за да може да се направи место за неоисториски зданија. 2

Функционални блокови брутално се уништуваат заради „згуснување“ и „реконтекстуализација“. Бундшух го постави прашањето: „Дали овие нови трендови се нешто повеќе од реакционерната политика пренесена во сферата на градежништвото, манифестација на национализмот и ревизионизмот, или се нужни нуспродукти на општеството што минува низ процес на редефинирање на сопствената улога во светски рамки којашто динамично се променува?“
Предавањето на архитектонската истражувачка Дубравка Секулиќ, предизвика опширни дискусии и спротивставени ставови. Во своето истражување „Држејќи се за минатото за да се заплаши иднината“, таа го постави прашањето: Зошто е потребно да се претвори модернизмот во егзотичното друго? Таа зборуваше за антифашистичките споменици коишто се постојан извор на инспирација за уметниците или како фотографски елементи, тема за реинтерпретација или како ready made. Додатно, српско-хрватскиот и македонскиот збор за споменик започна да се користи на англиски како еден вид на readymade и ги сместува југословенските модернистички споменици во посебна категорија.

Rabotilnica
Овен Хатерли (Саутхемптон) кој работи како независен автор пишувајќи за архитектурата и културната политика (редовен соработник на Architеcture Journal), зборуваше за тоа, како се уништува модернизмот за да биде зачуван. На прв поглед, модерната архитектура во Обединетото Кралство доживеала неверојатна преродба, после прекинувањето на текот во којшто е означена како исклучително грда, „тоталитарна“ и некако специфично не со англиска насока. Почетоците на рехабилитацијата на луксузниот модернизам, карактеристичен за почетоците на 30-тите години на минатиот век, брутализмот на шеестеттите повторно е влезен во мода. Становите во порано непопуларните населби и кулите, како на пример Keeling House, Trellick Tower и Brunswick Centre, сега се продаваат за висока сума пари, а карактеристичните населби во Шефилд и други се просто „регенерирани“. Креативната адаптација (од модернизмот, кој од скоро е повторно во мода) на стилот создаден во 30-тите години е создадена преку одделување на таквата архитектура од контекстот на социјалната политика, животот на работничката класа и изменување на нејзината историја во блед, бесмислен „утопизам“.Struchno razgleduvanje na Palata Srbije
Рајнер Хел се осврна на Тропикалистичката архитектура, урбанистичкото планирање во Бразил – како модернизмот креира идентитети. Во своето предавање тој зборуваше за Манифестот на Антропологијата, манифест со кој се означува почетокот на модернизмот во Бразил. Преку урбанистичкото планирање на Бразилија, тој ја објасни националната интеграција и развојот, користењето на урбанистичкото планирање не само во рамките на десно или лево политичка ориентираност, туку на ниво на планирање на животен стил за жителите на една држава. Рајнер се осврна на владиниот проект „Моја куќа, мој живот“ – проект за модел на населба составена од префабрикувани куќи, која се повторува во вид на сателитски населби низ Бразил. Како надворешен консултат за овој проект, тој истакна дека населбите се изработуваат без претходна стручна анализа и испитување на прототип, и дека во самиот тим на одлучувачи не се вклучени архитекти и урбанисти.
По завршувањето на семинарот, Октомврискиот салон претрпе нова ре-организација и негова трансформација во настан којшто ќе се одржува биенално наспорти досегашната традиција да се одржува секоја година.
Семинарот отвори простор за размислување на процесите на глобализација и локалните територии. Наспроти уверувањето дека глобализацијата од светот ќе направи еден хомоген и генеричен простор со кој ќе управуваат интересите на пазарот, градските средини ширум светот сè повеќе се разликуваат и приспособуваат на локалните наличја. Под владеачкото глобално економско потекло, развој на урбанистичките области се повеќе постигнуваат народните маси и процесите што се надвор од (централизирана) контрола.

Фотографии: Сара Бркич и Душко Јелен

Испрати коментар

Scroll To Top