Хотелот Амангири, таканаречен „Мирна планина“, е лоциран на површина од 600 хектари во Кањонот Point, во Јужна Јута, во близина на границата со Аризона.
Дизајниран од архитектите Rick Joy, Wendell Burnette и Marwan Al-Sayed, овој луксузен хотел со 34 соби е сместен во заштитената долина со прекрасни погледи кон шарените слоевити карпи на националниот споменик Ескаланте.
Тројцата архитекти се одлучуваат за изглед и избор на материјали со природни бои, текстури и внимателен дизајн. Овие структури овозможуваат интимен амбиент во склоп на огромниот природен пејзаж.
Кон комплексот се пристапува од кривиот пат кој се спушта кон долината и ги носи гостите директно во централната зграда. Главниот павилјон се протега околу голем базен, интегрирајќи ја во себе и големата карпа.
Тој содржи општи области, галерии, библиотека, ресторан и подрум. Двете станбени крила, кои се спуштаат кон пустината, содржат 34 апартмани.
Посетителите од која било точка во одморалиштето, можат да уживаат во пејзажното сценарио на долината опкружена со големи планини.