Насловна / Екологија / Во Лима започна конференцијата за климатски промени

Во Лима започна конференцијата за климатски промени

Jaime Pulgar Vidal
Во понеделникот, на 1 декември 2014-та, почна конференцијата за климатски промени во Лима, Перу, која ќе трае 12 дена. Целта на оваа коференција е да се договори рамка за намалување на глобалното загадување пред конференцијата во Париз во 2015 година. Шефот на ОН за прашањата поврзани со климата

Кристијана Фигерес изјави дека е потребно да се изработи нацрт на новиот климатски договор, со цел порастот на температурите да се ограничи на два степени Целзиусови до 2100 година. Таа додаде дека оваа година може да стане најтоплата во историјата. Земјите учеснички на конференцијата ќе ги изнесат своите предлози за намалување на емисијата на стакленички гасови. На конференцијата учествуваат 195 земји, како и голем број активисти, а настанот го обезбедуваат над 40.000 полицајци.

Испрати коментар

Scroll To Top