Насловна / Ентериери / Прекрасни вили за одмор на полуостровот Бодрум во Турција

Прекрасни вили за одмор на полуостровот Бодрум во Турција

bodrum (19)

Проектите за овие вили се направени од архитектонските студија „Демирден дизајн“ и „Чиракоглу архитекти“. Вилите се наменети за сите оние што сакаат да го доживеат полуостровот Бодрум во сите сезони и таму да се релаксираат. Комплексот се состои од пет апартмани лоцирани на 8.000 квадратни метри земјиште на јужната падина и секој од нив има своја градина со големина од 1.000 до 1.350 квадратни метри. Тие се дизајнирани во согласност со околината што ги опкружува, и го чуваат историското и културното наследство на градот Myndos старо повеќе од 4000 години.

bodrum (15)

Во внатрешноста вилите имаат камени ѕидови типични за регионот во кој се наоѓаат. Бањата е во бел мермер и мебел од дрвени елементи. Едноставно украсената бела кујна, трпезаријата и убавиот салон со поглед на морето, поврзани се со тераса, лизгачки стаклени врати кои водат до прекрасниот надворешен базен.bodrum (14) bodrum (13) bodrum (20) bodrum (21) bodrum (18) bodrum (17) bodrum (16) bodrum (10) bodrum (11) bodrum (12) bodrum (6) bodrum (5) bodrum (4) bodrum (7) bodrum (8) bodrum (9) bodrum (3) bodrum (2) bodrum

Испрати коментар

Scroll To Top