Насловна / Вести / Државите од АСЕАН ќе инвестираат 2,5 билиони долари во инфраструктурата

Државите од АСЕАН ќе инвестираат 2,5 билиони долари во инфраструктурата

Infrastruktura vo Azija

Десетте држави од Југоисточна Азија, здружени во АСЕАН, во следните десет години ќе инвестираат 2,5 билиони (2.500 милијарди) долари во изградба на нови патишта, аеродорми и пристаништа.

Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), на чие подрачје има 600 милиони жители, која од 2016 година ќе функционира како економска заедница со речиси идентични правила како и Европската Унија, планира крајот на оваа деценија да го пречека со вкупен заеднички БДП од над седум илјади милијарди долари.

Kina zeleznica
Овие најави и проценки се направени на штотуку завршениот економско-финансиски Самит што се оддржа во Банкок. На самитот учествуваа голем број поранешни и сегашни министри за економија, финансии и развој од Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Виетнам, Сингапур, Брунеи, Малезија, Индонезија и Филипините..

Планерите сметаат дека најголем дел од средствата ќе се обезбедуваат од државните буџети, приватниот сектор и од банкарски кредити. Во инфраструктурните инвестиции со заеми и директни вложувања од државите вон АСЕАН, најмногу треба да учествуваат Кина и Јапонија, како и Азиската банка за обнова и развој.

 

Испрати коментар

Scroll To Top