Bjarke Ingels Group ги објави сликите за плоштадот Малезија, кој се наоѓа во срцето на централата Battersea во Лондон, како дел од проектот за ревитализација.
Проектиран од страна на познатиот дански архитект Бјарк Ингелс, проектот претставува врска на јужниот влез на возобновената централа со врвот на ‘електричниот’ булевар – високата улица која се протега помеѓу ‘кровните градини’ на Норман Фостер и ‘панорамското место” на Френк Гери на Battersea Power Station.
Проектот е замислен како двокатна урбана клисура со интегрирани мостови и скали кои го обликуваат карактеристичниот пејзаж на Малезија и геологијата. Просторот ќе биде облечен со разни видови на материјали, вклучувајќи и варовник, гранит и мермер, така што ќе асоцира на пештерите што се наоѓаат во Националниот парк Мулу, а во центарот на амфитеатарот е планирана и фонтана со форма на националното цвеќе во Малезија.