Оваа недела во лондонската галерија „Сачи“ е отворена изложбата Post Pop: East Meets West. Благодарение на соработката на Tuskanov Family Foundation со галеријата „Сачи“, поставена е изложба која го проучува поп-артот, како едно од највлијателните уметнички движења на 20 век, и уметници од целиот свет кои имаат слично или сосема поинакво културно наследство. Изложбата обединува 250 дела на уметници од Кина, од поранешниот Советски Сојуз, Тајван, Велика Британија и САД. Прифатен во светот како уметнички правец, поп-артот ги користeше фотографиите и сликите од секојдневниот живот и масовните медиуми за да го рефлектира современиот начин на живот што го живееме.
Иако од различни општествени системи, уметниците што учествуваат во изложбата се играат со визуелните елементи на маркетингот, рекламните постери, со фотографии на познати личности и патриотски мотиви за да создадат провокативни дела.
Изложбата е отворена до 23 февруари 2015 година.