Насловна / Вести / Македонија изработува студија за третманот на опасниот отпад

Македонија изработува студија за третманот на опасниот отпад

Opasen otpad Hazardous-Waste

Информирање на јавноста околу подготовката на физибилити студијата за постапување со опасниот отпад што се генерира во Македонија, е целта на тркалезната маса што денеска се одржа во рамки на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири рече дека студијата ќе ги каже насоките, што треба да се поправи околу законската регулатива, начинот и третманот на опасниот отпад.

– Студијата ќе ги покаже насоките и целите како понатаму ќе треба да постапиме околу третманот на опасниот отпад. Ќе покаже кои се операторите што го генерираат овој опасен отпад. Информација околу опасен отпад имаме, но студијата ќе покаже до кое ниво и како понатаму ќе се третира, истакна Изаири.

Податоците, според него, покажуваат дека во моментов постои недостаток на соодветен систем за управување со опасниот отпад, недоволен институционален капацитет и реална примена на прописите од оваа сфера.

– Актуелниот начин на управување со отпадот, за жал во Република Македонија може да се карактеризира како субстандарден од аспект на човеките и финансиските ресурси, како и непостоење на соодветен систем за известување односно следење на видовите и количините на опасниот отпад од надлежните институции соодветно со законските прописи. Сите овие фактори може да резултираат со значително загадување на животната средина и загрозување на човековото здравје, нагласи Изаири.

Изработката на студијата е финансирана од Норск Енерџи, а ја изработиле експерти од Штипскиот универзитет.

Испрати коментар

Scroll To Top