Насловна / Вести / Проект за изградба на дом за стари лица во Кочани

Проект за изградба на дом за стари лица во Кочани

kocani

По неколкумесечна работа, компанијата „Вектор 90“ од Струмица денеска го достави идејниот проект за дом за стари лица, изработен по нарачка на Здружението на пензионери и Локалната самоуправа на општина Кочани.

– Според проектот, домот за стари лица е со капацитет од 156 лица. Треба да има 55 двокреветни, 12 еднокреветни соби и 6 апартмани со потребните придружни услови за функционирање на објектот за стари лица. Во просторот се наоѓа сала за дневен престој, кујна со ресторан, посторија за лекар и медицинска сестра и подрумски простории со гаражен дел, – изјави Томе Тимов, проeктант од фирмата „Вектор 90“ од Струмица.

Идниот дом за пензионери, кој ќе биде лоциран во населбата Шатровиќ, треба да започне да се гради наредната година.

– Задоволни сме од понудениот основен проект за Дом за стари лица и верувам дека тој во целост ги задоволува барањата за градба на еден ваков објект за потребите на пензионерите, – изјави Ѓорги Серафимов, претседател на Здружението на пензионерите на Кочани.

Испрати коментар

Scroll To Top