Насловна / Архитектура / Еко ефикасна административна зграда од MVRDV во Париз

Еко ефикасна административна зграда од MVRDV во Париз

mvrdv-pushed-slab-paris-01

Прва реализирана зграда од еко-квартот во Париз е на холандското студио MVRDV и инвеститорот ICADE. На површина од 19.000 м2, објектот е проектиран со цел намалување на потрошувачката на енергија, концепт кој е помогнат од низа на 264 фотопанели кои се поставени на покривот од зградата. Зградата е решена низ седум индивидуални катови, кои се свиткуваат и навиткуваат, така што формираат слободен простор за големи тераси со поглед кон големиот двор на парцелата.

mvrdv-pushed-slab-paris-07 mvrdv-pushed-slab-paris-06 mvrdv-pushed-slab-paris-05

Карактеристично за оваа структура е што создава голем број тераси, атриум и градина, со што се создаваат пријатни катчиња за работа. Свиткувачкиот момент на секое следно ниво, создава огромен кружен простор пред себе. Со отворените пасажи се обезбедуваат и погледи од внатрешниот двор кон соседното историско јадро.

mvrdv-pushed-slab-paris-04 mvrdv-pushed-slab-paris-03 mvrdv-pushed-slab-paris-02

Испрати коментар

Scroll To Top