Европската комисија планира да го забрани производството на апарати за домаќинство и електронски уреди кои трошат премногу електрична енергија. Забраната ќе стартува од први септември 2014 година, кога од пазарот ќе бидат повлечени сите уреди со моќност над 1600W, а од први септември 2017 година максималната дозволена моќност на овие уреди ќе биде 900W. Во Европската комисија својата одлука ја образложуваат со големиот пораст на потрошувачката на енергија кај апаратите за домаќинство во последните години, без притоа да се внимава на енергетската ефикасност.
Извор: Večernji