Утре (25 ноември) во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во 19 часот ќе се отвори VI Младински пролетен салон.
Барок, класицизам, модернизам, постмодернизам, футуризам, Скопје 2014, нови фасади, минато, сегашност и иднина… Термините што многу често ги слушаме во последно време. Доживувањето на еден град се сведува на различни погледи од исто толку индивидуи, а не се прост збир на хоризонтали и вертикали.
Да сте архитект, или да бидете во ситуација да решавате за својот град, што би сториле? Каква скулптура би поставиле на главниот плоштад, или на некое друго место? Како би го уредиле главното градско јадро? Класично или модерно? Традиционално или монументално? Автентично или преземено? Оригинално или копирано? Симетрично или хаотично? Комерцијално или интимно?
Ова се темите и прашањата што се поставени на оваа изложба на која учествуваат повеќе средни училишта и факултети од Македонија.