Насловна / Вести / Општина Аеродром ќе добие три подземни контејнери

Општина Аеродром ќе добие три подземни контејнери

kontejneri

Започнаа активностите за изградба на систем за подземни контејнери за селектирање на отпад во општина Аеродрoм.
Поземни контајнери ќе бидат изградени на три локации во општината и тоа пред ТЦ „Три бисери“, зад ТЦ„ Бисер“ и спроти ОУ„ Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека е ова втора општина по ред во која ќе има подземни контејнери, активности за такви контејнери досега имало и во општина Кисела Вода.
„Овој проект заеднички го прави Градот Скопје, општина Аеродром и ЈП„ Комунална хигиена“, по една третина ќе финансираме сите. Вкупната вредност на проектот за сите три општини Кисела вода, Аеродром и Гази баба ќе чини 6.600.000 денари“, истакна Трајановски.

Испрати коментар

Scroll To Top