Креатор на овие канцелариски простори е студиото Jones | Haydu, два креативни и перспективни ума, со неизмерна верба во самоодржливите градби. Лоциран во Сан Франциско, просторот не поголем од 100м² во себе сместува работни катчиња, приватна канцеларија, конференциска сала и чајна кујна и е организиран на начин да се максимизира неговата ограничена функционалност, пенетрацијата на дневна светлина, обезбедувајќи просторност со континуирана комуникација.
Земајќи ја в предвид големината на просторот, како и бројот на потребни содржини, палетата на применети материјали е сведена на минимум, додека пак особено внимание е посветено на зелените сегменти и рециклираните материјали. Како главен фокус во ентериерното уредување се појавува „живиот ѕид“ од различни типови на растенија кој придонесува за зголемување на филтрацијата низ канцелариите.